Министерството за труд и социјална политика, соопшти дека сликите кои се прикажани од страна на родителите за состојбата на ЈОУДГ „ Детска Радост”- населба Автокоманда, Општина Гази Баба, се од почетокот на 2022 година кога настана поплава во објектот поради пукната цевка за парно во тоалетот.
„Во септември 2022 година е извршено реновирање на објектот „Мимоза”, населба Автокоманда од надворешна и внатрешна страна со санација на ѕидовите. Санацијата е извршена со средства од Министерството за труд и социјална политика преку дотација.
Со ова уште еднаш се врши залажување на родителите и јавноста, а објектот е саниран. Останат е уште мал дел кој треба да се доправи од надворешна страна и е во план за оваа година да се заврши“, се вели во реакцијата на МТСП.