МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 30.01.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.01.2023 година (понеделник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.01.2023 година (вторник);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.02.2023 година (среда) и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.02.2022 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 јануари (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Слични содржини