Врховниот суд на Бразил во неделата му даде на министерот за здравство на земјата 48 часа да одреди датум за почеток на вакцинацијата против коронавирус, пренесува Ројтерс.
Десничарската влада на претседателот Жаир Болсонар е критикувана од државните гувернери и експертите за јавно здравје заради неподготвеноста да се справи со пандемијата.
Првичната цел е да се вакцинираат 51 милиони луѓе или една четвртина од населението, во првата половина на 2021 година, давајќи им приоритет на најранливите, како што се здравствените работници и старите лица.