Му го украле „БМВ-то“ позади ТЦ Лептокарија, полицијата го пронашла по два часа

од Nikola Popovski

МВР информира дека скопјанец пријавил дека му е украдено возилото „бмв“, кое го оставил отклучено и со вклучен мотор на ул.Никола Русински позади ТЦ Лептокарија.

Од полицијата додаваат дека веднаш биле преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош.

-Попладнево во 18:07 часот Н.К. во СВР Скопје пријавил дека од ул.„Никола Русински” позади ТЦ Лептокарија, му било одземено патничко возило со штипски регистерски ознаки. Околу 20 часот возилото е пронајдено во с. Лака и ќе биде вратено на сопственикот“, велат од МВР.

Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини