Му се слоши на Папазов, Мицкоски вели да не прескокнувал доручек

од Vladimir Zorba
494 прегледи

На денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ пред Белата палата за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани.

Лидерот на Партијата, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил соопшти дека се е во ред со Папазов и му порача да не прескокнувал доручек.

„Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот“, сподели Мицкоски.

Слични содржини