Муареми ја тужи Русковска: „Нејзините злоупотреби ќе бидат докажани и обелоденети до крај“

од Vladimir Zorba
285 прегледи

„Задоволен што предметниот јавен обвинител по извршените проверки утврди и докажа дека не постои никакво незаконско работење, ниту пак сторено кривично дело од моја страна, во својство на директор на Управата за финансиска полиција. Одлуките на обвинителството потврдуваат дека во институцијата со која што јас раководев нема неправилности и незаконитости во периодот на моето директорување.“, вели поранешниот директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Тој тврди дека нападот кон него мене бил исклучиво поради нечии лични цели и интереси, притоа злоупотребувајќи ја јавно обвинителската фунција со цел да му наштети на угледот и угледот на Управата.

„Дополнително, ве известувам дека до Основниот граѓански суд имам поднесено тужба против Вилма Русковска, затоа што истата, во неколку наврати во своите јавни излагања во емисиски гостувања, иако свесна за невистинитоста на истите, продолжува да изнесува лажни и невистинити податоци, да лаже и да клевети. Од моја страна, злоупотребите на Вилма Русковска ќе бидат докажани и обелоденети до крај.“, вели Муареми.

Слични содржини