Муареми направи парада дека се повлекува и си дава оставка, вели Русковска

од Берта Китинска
304 прегледи

Обвинителката Вилма Русковска по денешното поднесување на жалбата до Советот на јавни обвинители, на прашањето дали добива закани бидејќи е дојдена со обезбедување, рече:

„Ова обезбедување ми е од претходно. Сега за сега немам никакви закани“.

Таа рече дека не е точно дека директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми си дал оставка.

-Муареми не си даде оставка, туку му заврши мандатот. На 15ти му истече мандатот, а тој на 16ти направи парада дека се повлекува и си дава оставка, рече Русковска.
На 16 август, Јовески ја суспендираше Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа од страна на Муареми.

Слични содржини