Муцунски: Еден од претседателите на историските комисии со Бугарија и Грција се обидува политички да се профилира

од Nikola Popovski
106 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски вели дека е прилично изненаден што деновиве гледа еден научник кој што е ангажиран и коректно платен од страна на државата да врши научна работа, како „се обидува политички да се профилира додека е се уште во тековен мандат како претседател на една од двете мешовити комисии со Бугарија и Грција“.

Муцунски вели дека политичарите имаат легитимитет од страна на граѓаните да носат политички одлуки, а научниците имаат обврска за научна работа.

-Факт е дека треба одредени кадровски промени во комисиите. Ќе има и одреден континуитет и во двете комисии. Имаме одредени забелешки, но ќе ги задржам за себе поради специфичноста на природата на работата која што ја вршат. За бидеме успешна држава сите треба да го работиме за она што сме избрани да го работиме. Природата на работата на овие комисии е таква да може со мали гестови да се направи сериозна штета по интересот на нашата држава, рече министерот на прес-конференцијата со неговиот турски колега.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство, соработка и пријателство меѓу Бугарија и Македонија во 2017-та година.

Слични содржини