Како што соопшти Министерство за надворешни работи, соговорниците размениле мислења за можностите за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за проблемите со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик. Муцунски ја нагласил потребата од навремена и координирана реакција за да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија.
Во делот на европската агенда, министерот ја потврдил јасната посветеност на Владата кон реформскиот процес, обезбедување континуитет во неговото спроведување и усвојување на законите што произлегуваат од обврските на патот кон членство во Европската Унија.
Во меѓувреме, од здружението Макам-транс информираа дека вечерва од 20 часот ќе бидат повлечени блокадите на товарниот сообраќај на граничните премини. Блокадите започнаа во понеделникот, со барање до Европска Унија за измена на правилата за електронска евиденција на престојот на превозниците во земјите од Шенген-зоната.