Муцунски–Јовановиќ: Србија е наш петти најголем трговски партнер во 2023

од Nikola Popovski
27 прегледи

Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ.

На средбата беше констатирано дека двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи, со посебен фокус на развиената економска и трговска соработка. Притоа, беше поздравен фактот што Србија е наш петти најголем трговски партнер во 2023 година.

Како особено значајно прашање го оценија процесот на интегрирање на двете земји во ЕУ, што претставува гаранција за целокупната регионална и европска стабилност. Воедно, беше нагласено дека двете земји се залагаат за негување на добрососедските односи, што претставува значаен аспект во насока на постигнување напредок на полето на евроинтеграциите.

Согововниците констатираа заемен интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации, во функција на нејзино збогатување со нови содржини во интерес на просперитетот, мирот и безбедноста на регионот и пошироко.

Воедно, ја реафирмираа солидната соработка и во делот на заштитата на националните малцинства во двете земји.

Слични содржини