Муцунски: Македонија во моментов не би можела да учествува во мисија во Украина

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во гостувањето на Тема на денот на Сител Телевизија на прашањето дали ќе има или нема мировници во Украина за што, вели, веројатно во следните неколку месеци ќе има решение, ќе се почека да се види какво ќе биде тоа решение, но нагласи, во моментов земјата не би можела со свои армиски сили да учествува во мисија која би била на украинска територија.

-Како Влада ќе предолжиме да бидеме активен чинител, јасно да ги афирмираме нашите ставови и позиции, ќе работиме и со ЕУ и со САД, но истовремено пред да носиме било каква одлука мораме да видиме какви ќе бидат решенијата по однос на потенцијалното присуство на мировници во Украина. Партнерите кои учествуваат во дискусиите вклучително и ние, не знаеме каков ќе биде контекстот на таква една мировна мисија. Дали ќе биде нешто слично на Мисијата на АЛТЕА во БиХ која ја води ЕУ, но има поддршка од Оперативната команда на НАТО. Дали ќе биде мисија под покровителство на ОН. Тоа се се прашања кои во моментов не се разрешени и затоа велиме дека по консултацијата што ја имаме одржано ние како држава во овој момент не сме подготвени да посветиме сили од нашите безбедносни служби, односно армиски сили во мисија која би била на територијата на Украина, потенцира министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Слични содржини