Муцунски: Прашањето за предвремени избори ќе мора да биде една од темите на лидерската средба

од Nikola Popovski
206 прегледи

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да не се прифатат уставни измени под, како што велат од партијата, диктат. Ова денеска во изјава за медиумите го кажа потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски.

-Повеќе од половина година слушаме разни шпекулации за тоа дали има или нема мнозинство. Очигледно е дека уште пред година дена, Владата прифати предлог за кој го нема потребното мнозинство. Следниот чекор што треба да се направи е овие амамдмани да бидат доставени во Собранието, па да видиме дали постои тоа мнозинство. Следниот чекор по капиталниот неуспех е предвремени избори. Сите да ја понудиме својата алтернатива за како ќе се продолжи европската интеграција – за дали преку попустлива надворешна политика или преку надворешна политика кој што гарантира извесност врз основа на принципи. Тоа е очигледен излез на оваа криза и ќорсокак, рече Муцунски, како одговор на новинарско прашање пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека една од темите на денешната лидерска средба во Клубот на пратеници ќе бидат и евентуални предвремени избори.

Слични содржини