Муцунски разговарал со заменик-државниот секретар на САД – се зборувало за поттикнување нови американски инвестиции во земјата

Муцунски ја реафирмирал посветеноста на Северна Македонија кон натамошно зајакнување на билатералните односи со САД и кон продолжување на заедничките напори насочени кон безбедност, стабилност и просперитет во регионот.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Фејсбук/МНР

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во кој беше потврдена блиската и конструктивна соработка меѓу двете земји.

Од Министерството информираат дека Муцунски и Ландау ја истакнале стратешката природа на партнерството меѓу Северна Македонија и САД, особено во контекст на заедничките напори за регионална стабилност, економска соработка и сојузништвото во рамките на НАТО.

Во разговорот биле разменети мислења за можностите за унапредување на економските односи, со акцент на зголемување на трговската размена и поттикнување нови американски инвестиции во земјата.