Муцунски се сретна со Столтенберг: Значајно е забрзувањето на европските интегративни процеси

од Nikola Popovski
94 прегледи

Во рамки на неговата прва работа посета на Брисел, денеска во седиштето на Алијансата, новиот шеф на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски имал работна средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На средбата која се реализира во пресрет на севкупните подготовки за одбележување на 75-годинишната од формирање на НАТО, Муцунски истакнал дека новата влада е е цврсто посветена на реформските процеси, како и на обезбедување на заеднички мир и безбедност.

-Во фокусот на разговорите беа актуелните состојби во земјите од Западен Балкан како регион од стратешко значење за НАТО и потребата од забрзување на евро-атлантските интегративни процеси. Притоа нагласив дека особено значајно е продолжувањето на блиската координација и заедничките активности на НАТО и ЕУ, пред сѐ преку забрзување на европските и евроатлантските интегративни процеси на земјите од регионот, што е особено важно за консолидирање на регионалната стабилност, безбедност и просперитет, посочил министерот.

Шефот на дипломатијата додаде дека со Столтенберг разговарале за претстојниот самит на НАТО во Вашингтон на кој ќе се одбележат 75 години од формирањето на Алијансата и каде што шеф на нашата делегација ќе биде премиерот Христијан Мицкоски.

Тој потенцира дека покрај 100-процентната усогласеност на земјава со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, дополнително еднакво значајно е тоа што таа како мала држава го прави како членка на НАТО.

Слични содржини