Муцунски со Гутереш: Значајна улога на ОН во решавањето на сложените глобални предизвици

од Nikola Popovski
13 прегледи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и по тој повод ја истакна значајната улога на ОН во справувањето со сложените глобални предизвици, вклучително и вооружени конфликти, кршење на човековите права, тероризам, насилен екстремизам, влијанието на новите технологии и климатските промени.

Двајцата соговорници, во однос на Агендата за 2030 година и целите за одржлив развој, се согласиле дека Пактот за иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и поефикасно соочување со сегашните и идните предизвици.

Муцунски истакнал дека овој документ создава рамка за конкретни глобални акции и го отвора патот за зајакнување на мултилатерализмот, при што Република Македонија е подготвена активно да придонесе во овие напори.

Тој ја потврдил посветеноста на Македонија за промовирање мултилатерални решенија засновани на принципите на Повелбата на ОН, владеењето на правото, демократијата и почитувањето на човековите права.

Слични содржини