Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски вели дека е изненаден што во рок од неколку денови, прашањето за работата на Историската комисија и, како што вели, политички напад кон него, насочи копретседавачот од бугарска страна и пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил.
-Јас ќе одберам во добра верба дека ова е случајно координиран напад од двајца поединци. ЈЈас верувам дека оваа Комисија треба да биде водена од поединци кои ќе одлучуваат врз основа на научни познавања, знаења и факти. Верувам дека Комисијата во овој состав ќе продолжи да работи независно базирано на факти. Клучно прашање за одлучувањето е заштитата на македонскиот идентитет, културна посебност и историја.Точно е дека од другата страна на границата има поединци кои сакаат да ја негираат нашата историја, идентитет и јазик. Затоа гледате дека ние повеќе од година и половина цврсто сме поставени во овие позиции, рече Муцунски на седницата на пратенички прашања во Собранието.
Министерот смета дека копретседателот на бугарската страна од Историската комисија, Ангел Димитров често го прозива, со цел да го испровицира, за да даде некоја политичка констатација, за од Бугарија после да кажат „еве ја македонската Влада се меша во академската слобода и независност“.
Муцунски потенцира од Скопје не дале учебници или документи во Софија на амин. Тоа, вели дека е дезинформација и лажна вест.
-Нашите институции ништо не пуштиле, ниту документ ниту учебник во Софија. Тоа е неточно и не се случило, кажа министерот.