Муцунски: Во последните недели има недостаток на добра верба од Софија за изнаоѓање на решение

-Се појасно е дека земјите-членки гледаат каков наратив доаѓа од Софија и очекуваме дека ќе добиеме и нивна помош и нивна поддршка по однос на изнаоѓањето на соодветно решение, рече Муцунски од Брисел

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Фејсбук

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пред стартот на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел, порача дека од Софија нема сигнали за решение и постои недостиг на добра волја.

-По најголемиот дел од овие политики кои што ги нуди Европската Унија за регионот, сме први или меѓу првите кои што ги имплементираме истите. По однос на билатералното прашање, несоодветно е да се навлегувам во дискусија за внатрешно-политичката состојба во Бугарија. Таа е таква каква што е. Секако, ние со огромно внимание мораме да ја следиме, но, морам повторно да кажам, доколку постои добра верба и волја, нема прашање по кое не може да се најде решение. Чувствувам дека во последните недели има недостаток на добра верба од Софија. Се појасно е дека земјите-членки гледаат каков наратив доаѓа од Софија и очекуваме дека ќе добиеме и нивна помош и поддршка по однос на изнаоѓањето на соодветно решение, рече Муцунски во изјава за МРТ1 од Брисел.

Лидерите на ЕУ и на земјите од Западен Балкан ќе се сретнат денеска во Брисел во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Состанокот, со кој ќе претседава претседателот Антонио Коста, ќе послужи како можност да се демонстрира и потврди силата на стратешкиот однос меѓу ЕУ и Западен Балкан и придобивките што тој ги носи за граѓаните.

Претседателот на Европскиот совет ќе ја претставува ЕУ на самитот заедно со претседателот на Комисијата. Ќе учествува и високата претставничка Каја Калас.

Слични содржини