Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, оствари телефонски разговор со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, соопшти синоќа Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
„Во разговорот, високиот претставник Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Македонија. Министерот Муцунски ја потврди посветеноста на нашата земја кон европските вредности – владеењето на правото, дијалогот и добрососедската соработка како темели на процесот на пристапување кон Европската Унија“, се вели во соопштението.
Во разговорот се дискутирало и за регионалната поврзаност, при што Муцунски ја нагласил „поддршката за Коридорот 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот“.
Беа разменети мислења и за состојбата на Блискиот Исток, со потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.