„Секој чин во таква форма, ние како институција ќе го осудиме. Се работи за изолиран инцидент, создадена е некоја материјална штета која што не е во огромен обем. Сепак, максимално го осудуваме инцидентот“, изјави шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски за кршењето на стаклото од влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје.
Според министерот, полицијата и МВР дава голем фокус во процесот на истрагата. За подетални одговори, Муцунски ги упати новинарите кон МВР.
„Институционално има брз и ефиксен одговор на настанот. Објавивме сооопштение на МНР. Да, се работи за инцидент кој го осудуваме, но ние не можеме да го контролираме секој кривично-правен настан. Нашиот одговор е веднаш да го осудиме настанот, а институциите да го расветлат случајот“, додаде министерот.