Шефот на македонската делегација, Тимчо Муцунски уште еднаш повтори дека Владата ќе излезе во пресрет на лекувањето на граѓаните во странство кои останаа повредени по кочанската трагедија.
-Однапред ние го резервираме хотелот, ние ги купуваме авионските карти, ги информираме дека за еден мобилен телефон ќе се покријат сите сметки во делот на роамингот и сите трошоци што ќе ги акумулираат. Граѓаните ќе добијат и дневница, средства за тековни трошоци. Скоро сите граѓани се опфатени во диреткна комуникација со конзуларните претставништа. Им обезбедуваат логистичка поддршка. Граѓаните треба да знаат на секој поединечен трошок, кажа Муцунски на прес-конференција.
Министерот сепак истакна дека не треба да се занемари и хуманоста на останатите граѓани и секој што сака да помогне треба да го најде соодветниот канал кој што мисли дека е најдобар за да помогне.
-Право на граѓанинот е да одлучи како сака да им помогне. Ние, СОЗР, Владата и нашите амбасади за се им располагање. Исто и за враќањето, рече Муцунски.