Замислете го разочарувањето кај држава која има направено сè што било побарано од неа само за да и биде кажано дека целта не е на дофат, рече шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски од Стразбур, во своето обраќање од есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Но, и покрај долгиот процес на интеграција, посочил Муцунски, Владата останува посветена на темелните реформи и принципите врз кои се заснова членството во Унијата.
-Нема да дозволиме овие неправди да поттикнат евроскептицизам или да создадат наративи за жртвување. Притоа, нагласив дека нема да дозволиме неправдите да создадат евроскептицизам и дека сме посветени на борба за нашето заслужено место во Европа. Уверени сме дека правдата на крајот ќе победи, а ние остануваме фокусирани на вредностите на Унијата и процесот на евроинтеграција, стои во објавата на социјалните мрежи на министерот.
Муцунски од говорницата ја потенцираше и важноста од почитување на пресудите од Меѓународниот суд за човекови права.
Потсети дека следната година ќе одбележиме 30 години членство во Советот на Европа и 20 години откако Европскиот совет донесе одлука за доделување кандидатски статус на земјава за членство во ЕУ.