Мудис: Контрола над банките и замрзнување на депозитите во Грција

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Агенцијата “Мудис” денеска изјави дека банкарскиот сектор во Грција се влошува толку брзо што е “премногу веројатно” наметнување на контрола врз капиталот и замрзнување на депозитите.

Moodys-Мудис-390x225

Кредитната агенција исто така ги намали своите прогнози за растот на грчката економија до едвај 0,5% во 2015-та година и до 1,5% во 2016-та година, додавајќи дека ризиците пред економскиот раст се во надолна насока .Перспективите пред грчкиот банкарски систем се негативни, одразувајќи го силното влошување на финансирањето и ликвидноста на грчките банки. Овој притисок е малку веројатно да се олесни во следните 12 до 18 месеци и има голема веројатност за наметнување контрола врз капиталот и за замрзнување на банкарските депозити, се наведува во денеска објавениот извештај на “Мудис”.баки грц

Извештајот исто така забележува дека грчките банки станаа многу зависни од средствата обезбедени од централната банка , како  што “Мудис” пресметува дека кон крајот на април финансирањето од страна на ЕЦБ и преку Механизмот за итна ликвидност на Грчката централна банка (програмата ELA) достигнало до околу 32% од вкупната вредност на средствата на банките во однос на само 12% на крајот на септември 2014-та година.

Според кредитната агенција т.н. “Лоши кредити” (нефункционални кредити) најверојатно ќе нараснат до крајот на годината до 38% -40% од вкупниот износ на кредитите што се земаат од грчките банки спрема ниво од околу 34,2% во декември 2014-та година.Грчките банки веројатно ќе имаат потреба од дополнителен капитал во иднина, наведува “Мудис”.