Мујановиќ за оставката на Заев: Крај на една кратка ера на политички прогрес на Западен Балкан

од Vladimir Zorba
1,6K прегледи

Заминувањето на Зоран Заев значи крај на една кратка ера на политички прогрес на Западен Балкан. Јас опширно пишував за значењето на Шарената Револуција и во мојата книга предупредив дека ако „демократските револти“ од средината на 2010 пропаднат, обновата на автократијата ќе ги обнови конфликтите, пишува на Твитер, Јасмин Мујановиќ, автор на „Глад и бес: Кризата на демократијата на Балканот“ (Hunger and Fury: The Crisis of Democracy in the Balkans).

Заев синоќа поднесе оставка од позицијата премиер и претседател на СДСМ.