346
Живко Мукаетов останува на чело со Ракометната Федерација на Македонија и во следниот мандат во времетраење од наредните четири години, откако на една недела пред Изборното собрание, ја доби поддршката од сите 54 ракометни клубови.
Сите ракометни екипи кои имаат право на глас, ја пружија поддршката за актуелниот претседател Мукаетов, што го прави единствен кандидат на Изборното собрание, и оттаму тој нема да има противкандидат и ќе продолжи да раководи со најмоќната федерација во земјава.
Инаку, Живко Мукаетов, од март 2013 година е на чело на Ракометната федерација на Македонија.