Како што е познато, ракометната репрезнетација на С.Македонија во последен миг доби можност да настапува на СП во Египет, откако Чешка го откажа своето учество поради големиот број заразни од Ковид 19 во тимот.
ИХФ веднаш потоа, ја испрати и официјалнатап покана до Ракометната федерација на Македонија, а претседателот, Живко Мукаетов испрати порака за благодарност до нив.
„Во мое име и во име на Ракометната федерација на Македонија, би сакал да ви се заблагодарам за официјалната покана за нашиот национален тим за настап на ракометниот спектакл во Египет. Репрезентацијата на Македонија е целосно подготвена за настап на Светското првенство 2021 година. Би сакал да се заблагодарам за поддршката на Светската ракометна федерација во нашата мисија, ракометот да биде спорт број 1 во нашата земја“, посочи Мукаетов.
За потсетување, С.Македонија ќе биде дел од групата Г, каде ќе одигра дуели против Шведска, Чиле и домаќинот Египет. Првите три репрезентации од групата одат понатаму во новоформираните четити групи на Мундијалот.