Мукаетов се прости од Бандиќ: Почина голема личност и голем пријател

од Nikola Popovski
485 прегледи

Генералниот директор на Алкалоид и претседател на РФМ, Живко Мукаетов се огласи по повод ненадејната смрт на загрепскиот градоначалник, Милан Бандиќ.

„Почина голема личност и голем пријател. Имав многу прилики и можности да разговарам со Бандиќ и секогаш вчудоневиден од неговиот слободен ум, огромната позитивна енергија, визионерството и оптимизмот. Збогум градоначалнику“, се вели во објавата на Мукаетов.

И скопскиот градоначалник Петре Шилегов утринава се прости од својот колега од Загреб, кој ненадејно починал откако доцна во ноќта му се слошило, по што итно бил хоспитализиран во загребската болница „Свети Дух“.

„Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата за себе ја создаде за време на својот живот. Скопје загуби голем пријател. Јас загубив голем пријател. Почивај во мир, Милане“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Бандиќ почина на 66-годишна возраст.

Слични содржини