Мундијалот во Катар го обезбедуваат 50.000 луѓе, вклучен и НАТО

од Nikola Popovski
222 прегледи

Во земјата со околу 2,9 милиони жители, се е поткрепено за безбедноста на навивачите и играчите кои пристигнаа на Мундијалот.

Околу 50.000 луѓе, дел полицајци, дел војници, дел обезбедување го обезбедуваат 22. Светско првенство, пишуваат медиумите.

Домаќинот Катар не објави кои земји се вклучени во обезбедувањето на Мундијалот, но познато е дека учествуваат британски, француски и турски сили.

НАТО е вклучен во целата приказна. Оваа воена алијанса обезбедува помош вклучувајќи „обука против заканите од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни материјали“.

Исто така, лица од НАТО им помагаа на домаќините во обуката за евентуални немири и тепачки кои би избувнале на улиците на Доха, имајќи предвид очекуваното доаѓање на 1,2 милиони навивачи.

Слични содржини