Депортиво (Ла Коруња) го привлече полудефанзивецот Сели Мунтари, соопштија од раководството на шпанскиот тим. Договорот на 33-годишниот фудбалер е до крајот на сезоната.
Мунтари тренира со Депортиво од 9 февруари. Репрезентативецот на гана играше заедно со тренерот на тимот Кларенс Сидорф во Милан во 2014 година.
Фудбалерот е без договор од летото минатата година, кога заврши договорот со италијанска Пескара. Сидорф го презеде Депортиво на 5 февруари. Мунтари, поранешен играч на Портсмут и Интер, ја освои Лигата на Шампионите во 2010 година и титулите во Серија А во 2009 и 2010 со италијанскиот тим, по што премина во Милан.
Под раководство на Сидорф, Депортиво има два порази во два натпревари и го зазема 19-то место на табелата во шпанското првенство, на три поени од зоната на спас.