Директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати во неделното интервју на РСЕ вели дека 120 илјади лица се водат како невработени, според податоците на Агенцијата.
Вели дека с бара скоро од сите профили – ИТ техничари, се бараат келнери, општи работници, работници за градежништво, итн.
-Во склоп на пандемиската криза и сега економска криза, реално не може да се очекува некое поголемо движење затоа што гледаме дека и другите земји коишто се многу поразвиени од нас имаат проблеми со невработеност и со загуба на работни места на одредени позиции. Наше е за наредната година да предвидиме повеќе средства за тие граѓани кои ќе изгубат работа по кој било основ или кои се невработени, да им нудиме можност за нивно усовршување и сè полесно да се вклучат на пазарот на трудот, вели Мурати.