182
Жозе Мурињо одбил неколку понуди од клубови за да чека понуда за работа од Баерн Минхен, пренесе „Билд“.
Португалскиот стручњак го гледа германскиот клуб како атрактивно место за продолжување на тренерската кариера, само неколку месеци по разделбата со италијанска Рома.
Раководството на Баварците се уште размислува дали да започне преговори со Мурињо поради нагласено дефанзивниот стил кој го практикуваат тимовите предводени од него.
Томас Тухел ќе ја напушти функцијата тренер на Баерн на крајот од сезоната. Ралф Рангник одби да го заземе местото на Тухел на „Алијанц Арената“ во Минхен и ќе продолжи да работи како селектор на репрезентацијата на Австрија.