11
Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација му изрече забрана на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо да го води својот тим на четири натпревари.
Ова се случи поради изјавите на португалскиот стручњак по дербито со Галатасарај, кое заврши 0:0, кои беа дефинирани како расистички.
Мурињо тогаш изјави дека клупата на Галатасарај „скока како мајмуни“ поради некои судиски одлуки. Противникот поднесе жалба поради однесувањето на 61-годишниот стручњак, а Фенербахче со изјава застана во негова одбрана.
Во одбрана на тренерот на своите позиции застанаа и поранешните играчи на Мурињо, Дидие Дрогба и Мајкл Есиен, кои изјавија дека тој не може да биде расист.