45
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, откри дека двапати добил понуди да ја преземе репрезентацијата на Англија.
Сепак, Португалецот ги одбил овие понуди бидејќи не го интересира можноста да биде селектор.
„Имав понуди од репрезентации, но секогаш сум ги одбивал. Кога работев на Островот, двапати ми беше понудено да ја водам Англија, но не прифатив. Тоа не е работа што би ме направила среќен. Еден или два натпревари месечно, да морам постојано да патувам за да гледам играчи, да чекам со месеци за некој голем турнир… Можеби еден ден кога ќе бидам стар и уморен, не сега“, изјави Мурињо за HT Spor.