Турското поднебје е склоно кон еуфорија и сензационализам, но последните вести имаат и силна основа. Жозе Мурињо го поканил Кристијано Роналдо да му се придружи во Фенербахче, пренесуваат локалните медиуми.
На Роналдо следното лето му истекува астрономскиот договор со Ал-Наср, кој сака да го искористи португалскиот тренер, со кој е близок, за да го доведе во азиската страна на Истанбул.
Идејата на Мурињо, како што пишува „Фотомак“, е повторно да соработува со Роналдо како кога беа во Реал Мадрид и веќе воспоставиле контакт.
– Дали си среќен таму? Слушнав дека сакаш да заминеш. Ако е вистина, дали би сакал да дојдеш во Фенербахче? – наводно го прашал Мурињо својот сонародник.
Дека не останало само на тоа, говори информацијата дека спортскиот директор на турскиот клуб, Марио Бранко веќе почнал да истражува потенцијален трансфер кој би предизвикал голем бум во светот.
Роналдо навистина ги затвори гласините дека е несреќен во Саудиска Арабија со тоа што рече дека не е таму само поради пари, туку и поради страст, но сигурно дека би добил уште поголема доза во Турција, со оглед на тоа колку фудбалски фанатици има таму.