Мурињо го сака Јовиќ во Фенербахче

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Жозе Мурињо го пронајде идеалниот напаѓач за Фенербахче, а тоа најверојатно ќе биде српскиот репрезентативец Лука Јовиќ.

Иднината на Един Џеко се уште е неизвесна, но во последните денови се повеќе се шпекулира дека и тој би можел да дојде во Хајдук од Сплит.

Тој е врзан со Фенербахче со договор, но тоа сценарио изгледа се пореално. На „Пољуд“ веќе пристигна Иван Перишиќ, се очекува и официјален трансфер на Ракитиќ, па нема дилема дека Џенаро Гатузо би можел да има најмалку тројца фудбалери од светска класа во тимот.

Николо Шира, италијански новинар, објави дека Мурињо сака да го види Јовиќ во своите редови. Српскиот репрезентативец, кој го постигна единствениот гол за „орлите“ на ЕП, е на излезната врата од Милано.

Португалецот сака да го искористи тоа и да го засили турскиот гигант.

Претходно се пишуваше дека доаѓањето на Јовиќ ќе биде јасен сигнал дека Џеко заминува и се чини дека тоа наскоро ќе се оствари.

Слични содржини