Мурињо го сака Жоао Феликс во Фенербахче

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Напаѓачот на Челси, Жоао Феликс би можел да заврши во Турција. Португалскиот интернационалец е трансфер цел на Фенербахче.

Според „Фотомах“, тренерот на „фенерите“ Жозе Мурињо лично побарал од претседателот на клубот Али Коч да го привлече неговиот сонародник.

Мурињо разговарал со Феликс за да го убеди дека преселбата во Турција нема да биде чекор наназад во неговата кариера. Идејата е напаѓачот да пристигне во тимот на позајмица, но со опција за откуп.

Жоао Феликс е втор период во Челси. Португалецот е резерва во составот на Енцо Мареска, од почетокот на сезоната одигра 9 натпревари во Премиер лигата, но само двапати стартуваше.

Слични содржини