Мурињо имал средба со шефот на Њукасл

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Поранешниот тренер на Рома, Жозе Мурињо викендов имал средба со сопственикот на Њукасл. Португалецот бил во Саудиска Арабија каде присуствувал на неколку големи спортски настани како Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 и боксерскиот меч меѓу Ентони Џошуа и Френсис Нгану.

Токму за време на трката во Формула 1, Специјалниот беше забележан во друштво на шефот на Њукасл, Јасир Ал-Румајан. Во оваа фаза не е јасно дали средбата била само пријателска или двајцата разговарале за опција Португалецот да застане на чело на „страчките“.

Мурињо моментално е без работа, откако неодамна доби отказ од Рома. Сепак, тој не крие дека сака што побрзо да се врати на клупата.

„Мора да ја почекам вистинската понуда, морам да најдам нешто што ќе ме мотивира. Да можам утре би почнал со работа“, изјави Мурињо.

Во меѓувреме, Њукасл не се претстави како што се очекуваше оваа сезона, со тоа што тимот се наоѓа само на 10-та позиција на табелата, а иднината на менаџерот Еди Хау во клубот се повеќе е доведена во прашање.

Слични содржини