Мурињо ја нападна УЕФА по неговото деби со Фенербахче

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Жозе Мурињо го имаше своето деби на чело на Фенербахче вчера кога неговиот тим стигна до драматична победа од 4-3 на гостувањето кај Лугано во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Основата на успехот на турскиот клуб беше хет-трикот на Един Џеко.

„Се трудиме да не бараме изговори пред натпреварот, но играњето квалитетен фудбал на вештачки терен е предизвик. Топката не се движи како што треба, играчите имаат проблеми со дриблинг и темпото на игра е значително помало“, прокоментира Мурињо по средбата.

„Не можам да разберам зошто УЕФА дозволува натпревари од Лигата на шампионите да се играат на вештачки терени. Освен тоа, нејасно ми е зошто добар тим како Лугано избира да игра на таков терен“, додаде Португалецот.

Слични содржини