Мурињо: Јас сум странецот и морам да се прилагодам на турската фудбалска култура

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, нема најдобар старт во турската Суперлига и е свесен дека му треба малку време да се прилагоди на локалната фудбалска култура.

Откако беше исфрлен од квалификациите за Лигата на шампионите од Лил, гигантот од Истанбул прокоцка предност од два гола во ремито 2-2 против Гезтепе.

„Јас сум странецот и тој што треба да се прилагоди на локалната фудбалска култура. Страста, љубовта, ентузијазмот целосно одговараат на мојата страст за фудбалот. Морам да се прилагодам… Не сум магионичар“, рече Мурињо, цитиран од ESPN.

Португалецот ги повика своите играчи да бидат попаметни и да знаат како да го задржат резултатот, дури и по цена на антифудбал.

„Не треба да бидеме премногу наивни. Мора да ги искористиме можностите да ја убиеме играта. Неопходно е играчите да размислат за тоа. Во некои земји се нарекува антифудбал. Во други земји тоа го нарекуваат разум. Мораме да бидеме како нив“, додаде Специјалниот.

Слични содржини