44
Португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе го напушти Истанбул поради здравствен проблем, објави SportsDigitale. Познатиот стручњак ќе замине во странство на операција, која ќе го оддалечи извесно време од клубот.
По тешката партија на Фенербахче против Ејупспор, која заврши 1:1, Мурињо реши да им даде една недела одмор на своите играчи. Можноста за одмор ќе им овозможи на играчите да се опорават и да се подготват за следните важни натпревари.
Дел од странските фудбалери веќе го напуштија Истанбул и се вратија во матичните земји за да ја искористат паузата. По завршувањето на овој период, Фенербахче ќе продолжи со тренинзите и ќе ги започне подготовките за претстојниот натпревар против Хатајспор.