Се води мала војна помеѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо, а сагата никако не стивнува. Овој пат на шпанскиот стручњак му одговори португалскиот колега.
Гвардиола возврати на првичната изјава на Мурињо и го обвини португалскиот стручњак дека само сака Сити да биде исфрлен од Премиер лигата.
🚨 José Mourinho: “Pep and I worked together, we love each other. It's not true that I want Man City to be relegated. I want justice”.
“Small teams can be penalised by FFP when they exceed limits by 5 or 10€”.
“I also suffered due to limits at Roma. I don’t think it’s fair”. pic.twitter.com/vRGXDwxxQj
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 10, 2024
„Јас и Пеп работевме заедно, се сакаме. Не е точно дека сакам Манчестер Сити да испадне. Сакам само правда“.
Мурињо објасни зошто го рекол тоа:
„Малите тимови можат да бидат казнети поради финансиски фер-плеј за надминување од пет или десет евра“.
Мурињо и самиот се соочи со проблемот на финансискиот фер-плеј.
„И јас настрадав поради финансискиот фер-плеј во Рома. Не е фер“, категоричен бил Португалецот.