Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо призна дека е разочаран од настапот на Португалија на ЕП 2024. „Морнарите“ беа исфрлени во четвртфиналето од Франција на пенали.
„Првенството го гледам како професионалец. Секогаш кога Турција победуваше тоа ми стануваше проблем, а кога победуваше Португалија бев среќен. Нормално е да се чувствувате фрустрирано кога се чувствувате дека сте способни за многу повеќе. Португалија има огромен потенцијал. Малку згрешив со прогнозата дека големи фаворити се Португалија, Англија и Франција. Два од овие три екипи се во полуфинале“, изјави Мурињо.
„За мене Шпанија е најголемото изненадување во однос на развојот на тимот. Засега ова е тимот кој игра најдобро. Португалија не импресионираше и покрај тоа што стигна до четвртфиналето. Очекував повеќе. Бев на стадион при поразот од Хрватска на последната контролна пред завршницата на еврото и нешто не беше во ред. Тимот ја надмина групата, но беше неубедлив. И тогаш дојде часот на вистината и бевме неподготвени“, објасни Специјалниот.
„Со исклучок на двајца ветерани, тоа е прилично млад тим. На овие играчи им претстојат години каде што можат да постигнат нешто. Светското првенство е веќе зад аголот“, додаде Мурињо.