Мурињо одби да стави автограм на дрес на Челзи во Кина

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо одби да стави автограм  на дрес на неговиот поранешен тим Челзи.

4957473

Португалскиот стручњак зарадува многу кинески навивачи, и со задоволство ставаше потпис на дресови на “црвените ѓаволи”, но кога стигна до еден на “сините”, специјалниот закима негативно со глава и го одмина со потценување. Мурињо беше тренер на Челзи од 2004 до 2007 година и од 2013 до 2015 година

Тој изведе тимот до шампионската титула во Англија три пати и по еднаш го освои Купот на земјата и Суперкупот. Пред седум месеци Мурињо беше отпуштен од раководството на лондонскиот клуб поради серијата слаби резултати.