Жозе Мурињо на лето би можел да го замени Дејвид Мојс како тренер на Вест Хем, пишува CaughtOffside. Иднината на Шкотланѓанецот со „чеканите“ не е сосема сигурна по неодамнешните неубедливи резултати на тимот, а не е исклучена опцијата да биде заменет со Специјалниот.
Мурињо моментално е без работа откако доби отказ од Рома. Сепак, тој не крие дека сака што поскоро да најде нов клуб. И опцијата за преземање на Вест Хем исто така може да го разбуди неговиот интерес.
Претходно беше поврзуван со интерес од Саудиска Арабија, но Португалецот одби да оди во таа насока и претпочита да остане во Европа, а уште подобро во Англија, каде што веќе е познато име откако ги водеше Челси, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Во исто време, на Вест Хем не му оди толку лошо и се уште е во битка за Европа. Сепак, тимот забележа само една победа во последните 6 натпревари во сите натпреварувања, што ги натера шефовите да размислат за замена на Мојс со Мурињо, кој останува еден од најдобрите менаџери во светот.