Мурињо продолжува да троши големи пари во Фенербахче

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче е блиску до потпис на Јусеф Ен-Несири од Севиља. Зделката се очекува да биде вредна 20 милиони евра, објави спортскиот новинар Фабрицио Романо.

Менаџерот Жозе Мурињо сака да изгради тим полн со ѕвезди за да ги брка квалификациите во Лигата на шампионите. „Фенерите“ го започнуваат учеството во второто прелиминарно коло каде за противник ќе го имаат швајцарскиот Лугано.

27-годишниот фудбалер кај Андалузијците пристигна во 2016 година. Одигра 196 натпревари и постигна 73 гола во сите натпреварувања. Напаѓачот ја освои Лигата на Европа двапати во сезоните 2019-20 и 2022-23.

Тој е репрезентативец на Мароко. За тимот има 73 натпревари и 20 голови. Беше дел од тимот што стигна до четвртото место на Светското првенство во 2022 година.

Слични содржини