Нов клуб на Жозе Мурињо дефинитивно ќе биде Фенербахче. Според голем број извори, Португалецот веќе постигнал договор со турскиот клуб за двегодишен договор со опција за продолжување на договорот на дополнителни 12 месеци. Според Фабрицио Романо, останува само Специјалниот да ги потпише документите. „А Бола“ додава дека голема е веројатноста Фернербахче денеска и официјално да ја соопшти веста.
Претседателот на турскиот клуб, Али Коч, патува за Лондон, каде лично ќе се сретне со Мурињо, по што утре во живо ќе го следи финалето од Лигата на шампионите.
Мурињо доаѓа на местото на Исмаил Картал. Минатата сезона „фенерите“ завршија на второто место со само три бода помалку од шампионот Галатасарај.
Португалецот неодамна беше на чело на Рома, но доби отказ во јануари оваа година.