Мурињо се раздели со Фенербахче

Португалецот запиша 37 победи и 14 нерешени резултати во 62 натпревари со Фенербахче, со 11 порази

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Португалскиот тренер Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Фенербахче, објави денес турскиот клуб.

„Се разделивме со Мурињо, кој беше тренер на тимот од сезоната 2024/2025. Му благодариме за неговата посветеност на нашиот клуб и му посакуваме успех во иднина“, објави Фенербахче на социјалните мрежи X.

Португалецот запиша 37 победи и 14 нерешени резултати во 62 натпревари со Фенербахче, со 11 порази.