Мурињо се соочува со шестмесечна суспензија по дербито со Галатасарај

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо се соочува со можна суспензија до шест месеци откако Турската фудбалска федерација отвори дисциплинска постапка против него поради „неспортско однесување“ и „навредливи коментари“ за време и по дербито против Галатасарај.

По ремито 0-0, Мурињо изјави дека играчите на противничката екипа „скокаат како мајмуни“ на клупата, што Галатасарај го окарактеризира како расистички коментар.

Клубот најави дека ќе поднесе официјални жалби до УЕФА, ФИФА и до турското обвинителство. Фенербахче одговори со тврдење дека зборовите на Мурињо се извадени од контекст и немаат расистичка конотација.

Прописите на УЕФА ги класифицираат ваквите забелешки како расизам, со минимална суспензија од 10 натпревари, а доколку биде прогласен за виновен, Мурињо може да биде казнет и суспендиран до шест месеци.

Покрај Мурињо, под дисциплинска постапка се подложени и тренерот на Галатасарај, Окан Бурук и неколку членови на стручниот штаб на двата тима. Во постапката за „прекршување на правилата“ е вклучен и напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди, иако не настапи на споменатиот натпревар.

Оваа ситуација дополнително ги влоши тензиите околу судењето во турската лига, што доведе до тоа дербито да го води странски судија, Словенецот Славко Винчиќ, за прв пат по 55 години.

По натпреварот Мурињо ја посети соблекувалната на судиите за да им честита, додека Бурук на прес-конференцијата го критикуваше судијата и однесувањето на Мурињо, нарекувајќи го „плачко“.

Слични содржини