Мурињо: Секоја чест за Пеп и Ферги, но еден е без конкуренција

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Жозе Мурињо каде и да се појави привлекува огромно внимание. Тренерот на Фенербахче беше гостин на поткастот на својот поранешен играч Џон Оби Микел.

Поранешниот репрезентативец на Нигерија го праша дали најдобар тренер во историјата на Премиер лигата е Алекс Фергусон или Пеп Гвардиола.

„Ферги или Пеп? Не можете да споредувате. Има различни генерации, различни тренерски потенцијали. Две историски личности во Премиер лигата. Сепак, за мене најголем тренер е Клаудио Раниери“, изјави Мурињо, а потоа даде објаснување.

„Човекот ја освои титулата со Лестер. Тоа е најголемиот подвиг во историјата на Премиер лигата. Пет-шест трофеи со Јунајтед, шест или седум со Сити е одлично, но Раниери и неговата работа со Лестер не се споредуваат со ништо. Тоа е најголемата победа“, заклучи славниот Португалец.

Слични содржини