Мурињо: Судијата му дозволи на Лил да продолжи понатаму

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Жозе Мурињо го доживеа првиот голем неуспех на клупата на Фенербахче.

Неговиот тим не успеа да се квалификува во последното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, бидејќи беше елиминиран од Лил на два натпревари.

Првиот натпревар Французите го добија со 2-1, а вториот заврши 1-0 во регуларното време за тимот од Истанбул. Во продолжението Фенер имаше играч повеќе, но Лил сепак постигна гол во 117. минута по досуден пенал.

Оваа судиска одлука е причина за огорченоста на славниот Португалец.

„Подобро да не кажувам се што мислам, подобро да не зборувам за пеналот. Кога гледам какви инциденти се случија против мене во последно време, ја губам желбата да зборувам. Само судијата знае зошто го досуди пеналот, само тој и луѓето во ВАР просторијата. Горд сум на мојот тим и го почитувам противникот. Победија со сопствено оружје, но судијата тоа го дозволи“, изјави Мурињо.

Слични содржини