Мурињо уште еднаш си „поигра“ со новинарите

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Тренерот Жозе Мурињо иронично проговори за проблемите во составот на Фенербахче. Вчера неговиот тим загуби од Атлетик Билбао (0:2) на домашен терен во натпревар од 6. коло на Лига Европа. Во второто полувреме, тимот беше со човек помалку – дефанзивецот Мерт Мулдур беше исклучен откако доби два жолти картони.

„Нашиот следен натпревар во Лига Европа ќе биде против Лион – Мулдур е суспендиран, кој ќе игра на позицијата лев бек? Може ли некој од вас или ТВ експерт да ми помогне? Кој ќе игра лев бек?“, праша тренерот.

„Понекогаш вие (новинарите – н.з.) ги гледате работите без навистина да ја разберете реалната слика. Не знам – за жал, можам да кажам само неколку зборови на турски – дали нашиот клуб ги дава вистинските информации за да се разбере ситуацијата. Би сакал сите мои играчи да бидат на располагање. Гледате колку ни е тешко. Немавме ниту еден играч од средниот ред како резерва за натпреварот против Атлетик“, додаде тој.

„Среќен сум со моите играчи. Не ги оставам моите играчи на судбината. Не очекувајте да дојдам овде и да кажам дека сакам да имам подобри играчи. Посакувам Џејден Остерволде да беше достапен бидејќи е навистина тешко без него. Но, не грижете се, имаме намера да се пласираме во следната рунда. Имаме уште два натпревари за да освоиме три бода и ќе ги земеме. Ќе бидеме посилни во вториот дел од сезоната“, изјави првиот човек на Фенербахче.

Слични содржини